Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 56годишниот Т.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволена трговија.
Во периодот од 20 октомври 2015 година до 11 април 2016 година, пријавениот во својство на физичко лице, без да поседува приватна шума, спротивно на одредбите на Законот за шуми, неовластено продавал огревни дрва кои согласно со Законот за шуми се во ограничен промет, на лица со живеалиште во Прилеп, Кривогаштани и Крушево.
Лицето Д.Ј. во својство на полномошник, на повеќе лица, со пријавениот склучил Договор за продажба на дрва, поточно шума, заверен кај нотар. Врз основа на договорот, повеќе лица, преку полномошникот на пријавениот, му продале исечена дрвна маса во вкупна количина од 193,2 кубни метри по цена од 1.200 денари по метар просторен. Купената количина пријавениот ја продавал по цена од 2.700 до 3.600 денари за метар кубен. Ја доставувал лично или преку други лица при што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 608.580 денари, соопшти МВР.