Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднела кривични пријава против 33-годишната М.П. од селото Свето Митрани, Крушевско, која се товари за убиството на Н.Д. (44), жител на селото, кое се случи во петокот минатата недела, во колонијална продавница во селото, каде жената работела како продавачка.
Според полицијата, причина за убиството било тоа што Н.Д. од почетокот на оваа година почнал да ѝ се додворува на жената и со закани да бара од неа да влезат во љубовна врска.
Од почетокот на 2017 година, постојано и се јавувал на телефон, секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира. Истиот и упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него, тој ќе го убие нејзиниот син. Исто така, ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина, се наведува во информацијата на МВР за случајот.
На 3 февруари, осомничената, која работела во продавницата, по кратка расправија, со ловна пушка бајкл, калибар 12 милиметри, сопственост на нејзиниот свекор, двапати го застрелала Н.Д. во градите и тој починал самото место.