Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот вицешампион Рома преодниот рок го отвори со три продажби на важни фудбалери (Салах, Манолас и Паредес) од кои инкасира околу 110 милиони евра, па веднаш започна со шопинг.
После доведувањето на Карсдорп од Феенорд, италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ договорила уште две нови засилувања.
Имено, Рома постигна комплетен договор со Лион за трансфер на играчот за врска Максим Гоналон за кого ќе плати 7 милиони евра.
Покрај Холанѓанецот и Французинот, трето засилување ќе биде младинскиот италијански репрезентативец Лоренцо Пелегрини. Играчот на Сасуоло призна дека се е договорено и дека во следните денови ќе потпише за Рома.
Рома за Пелегрини на Сасуоло ќе му плати 10 милиони евра!