Продаден првиот „светец“: Одличниот Бразилец се сели во Лондон


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пари Сент Жермен сака да продаде неколку фудбалери во зимскиот преоден рок поради Финансискиот фер-плеј, а медиумите тврдат дека веќе е договорена правта зделка.

Наводно ПСЖ веќе постигнал договор со Челзи, па на „Стенфорд Бриџ“ треба да пристигне Лука Моура за 30 милиони евра. Бразилецот веќе подолго време е на излезна врата од клубот, па најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Лондон.

Лукас на „Стенфорд Бриџ“ треба да го замени својот сонародник Вилијам кој според последните информации сака да ја промени средината.

Лукас Моура оваа сезона не добива многу шанса, па ќе го напушти „Паркот на принцовите“ после пет години и одиграни вкупно 212 натпревари за „светците“.

Ова е само првата продажба, а медиумите тврдат дека ПСЖ во зимскиот преоден рок сака да се ослободи уште од Ди Марија, Пасторе и Бен Арфа.