Прочитајте го статусот на внуката од Тито кој ги разбранува страстите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јосип Броз Тито умре на 4 мај, пред 37 години, а по тој повод неговата внука Саша Броз се потсети на својот дедо и во негова чест напиша статус на социјалните мрежи кој ги воодушеви нејзините пријатели на Фејсбук и Инстаграм.

Саша објави фотографија од својот дедо и цитат од Фјодор М. Достоевски кој гласи: „Сè ќе помине, само вистината ќе остане“.

Набрзо следеа многубројни реакции и коментари од нејзините пријатели, кои се потсетија на вчерашниот ден. „Еден и единствен“, „Саша, така се кажува тоа“, „Во мислите“ беа само многу мал дел од коментарите.

Саша често се потсетува на својот дедо и нејзиниот однос со него, а неодамна го откри и името на холивудската дама во чие друштво Тито се забавувал.

A post shared by Saša Broz (@brozsasa) on

„Многумина ми велат дека личам на дедо. Јас не гледам некоја поголема физичка комплементарност, освен фактот  дека нам погледоти ни беше навистина ист и освен што и моите очи се зелени“, изјави Саша за Dnevni Avaz, а на прашањето кое прашање сама би си го поставила во врска со односот со својот дедо, рече:

„Можеби најмногу би реферирала на односот на општеството кон дедо, кој, секако, од апсолутна глорификација и благодарност доста често оди во некои спротивности, кои не се баш пријатни. Но, со време ќе научите да живеете со тоа. Како личност која нема врска со политика во таа мера во која луѓето би сакале да имам, важно ми е да сум заштитена во својот свет. Мојот свет е театарот и гените навистина не ми се важни и не играат никаква улога, освен што наследството секогаш те следи. Дали сум имала повеќе негативности или позитивности, за тоа и околу тоа не сум водела грижа. Живеам онака како што сметам дека мене и на мојата ќерка ни одговара“.