Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога следниот пат ќе имате впечаток дека некому му се допаѓате, но не знаете како да го потврдите тој сомнеж, анализирајте го говорот на телото на таа личност, тоа често говори повеќе од зборови.
Постојат специфични движења, односно говор на тело кој не можеме да го контролираме, а открива што нам ни се допаѓа или не допаѓа.
Џо Наваро, некогашен агент на ФБИ, експерт за говор на тело и автор на книгата, „Речник на говорот на телото“, откри на што да обрнете внимание, за да утврдите дали некому му се допаѓате или не допаѓате.
Прво, обратете внимание на олите и она што во нив се случува потсвесно.
„Зениците ни се склопуваат кога видиме нешто што не сакаме, а се рашируваат кога гледаме нешто што ни се допаѓа. Над тоа немаме никаква контрола, дури и бебињата тоа го прават“, вели Наваро.
Очите не се единствените кои не издаваат, дури и нашата стапала издаваат дека некој или нешто ни се допаѓа.
„Кога гледаме некого кого не сакаме, дури и ако љубезно му се обраќаме, нашите стапала инстиктивно се насочуваат во спротивна насока од таа личност“, тврди некогашниот ФБИ агент.
Оваа позиција, кога личноста ве гледа во лице, но ги насочива стапалата и торзото од вас, покажува непријатност.
Во случај кога нечии очи или стапала не откриваат доволно информации, притискањето на усните една во друга, мрдање со јазикот кон обрзаот, допир на вратот, посебно на предната страна, сето тоа се знаци дека помеѓу вас не владее добар однос.
Интересно, но пректрстувањето на рацете на градите кое разни стручнаци го опишуваат како негативно, всушност и не е. Тоа е само однесување со кое таа личност се обидува да направи да се чувствува попријатно, и не би требало да го третираме како негативно, смета Наваро.
Кога станува збор за интерпретација на нечии мисли и чувства, идентификувањето и анализирањето на невербалниот начин на комуникација може многу да помогне во откривањето на вистината.