Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Недоразбирањето кај данската фудбалска репрезентација наскоро би можело да биде решено и тоа до почетокот на првото коло од Лигата на навии против Велс.
Првиот натпревар Данска во Лигата на нации го игра против Велс во недела во 18: часот.
Новопечениот репрезентативец Расмус Јохансон, кој синоќа беше дел од аматерксиот тим против Словачка, најави дека наскоро ќе се реши проблемот.
Јохансон кој игра за клуб во втората лига, изјави дека дуелот против Словачка за него бил прв, а се надева и последен за репрезентацијата на Данска.
„Не очекувам дека повторно ќе играм во недела. Мислам дека е пронајден договор со Федерацијата. Натпреварот со Велс е многу важен и мислам дека ќе се најде разумно решение до тогаш. Да почекаме уште неколку дена, но не очекувам дека повторно ќе излезам на терен во недела“, изјави Јохансон.
Значи Данската репрезентација сепак со првите ѕвезди и најсилен тим ќе го започне новото натпреварување на УЕФА