Спорт

Проблеми за Реал Мадрид – Иско мора на операција!

Утрово шпанските медиуми пренесоа дека Иско ќе го пропушти утрешниот меч против Севиља поради повреда, но неколку часа потоа стигнаа нови лоши вести за Реал Мадрид.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Иско мора веднаш на операција поради актуно воспаление на слепото црево.

Поради тоа плејмејкерот нема да му биде на располагање на тренерот Лопетеги во следните неколку недели.

Иско вчера тренираше одделно од остатокот на тимот поради мал проблем со мускулот и секако беше под знак прашалник за мечот со Севиља, но доби напад на слепото црево, па мора да биде опериран.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top