Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се соочува со проблеми пред финалето од ФА Купот, поради здравствената состојба на Антони Марсијал и Ромелу Лукаку.
Лукаку е прв стрелец на „црвените ѓаволи“, но последниот месец е надвор од терените поради повреда на глуждот. Марсијал има постигнато 11 гола оваа сезона, но и тој го пропушти последниот меч ппоради повреди со коленото.
Поради тоа Мурињо е загрижен и не може со сигурност да потврди дали двајцата напаѓачи ќе бидат спремни за финалето во сабота.
„За Антони треба да чекаме уште малку време бидејќи има повреда на коленото. Се повреди во петокот за време на тренингот и од тогаш не тренира. Чекам официјално мислење од лекарите, но се сомневам дека ќе биде спремен за финалето. Исто така чекаме да видиме што ќе биде со Лукаку“, објасни Мурињо.