Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан и Интер вечерва на „Сан Сиро“ ќе ги одмерат силите во четвртфиналето од италијанскиот Куп.
На неколку часа пред натпреварот пристигнаа лошо вести за навивачите на Милан. Имено, голманот Џанлуиџи Донарума сигурно ќе го пропушти мечот поради повреда која ја заработи на утринскиот тренинг.
Ова сигурно ќе биде голем хендикеп за „росонерите“ кои овој натпревар го окарактеризираа како „најважен во сезоната“, бидејќи Купот е единствениот начин со кој можат да ја спасат сезоната.
Донарума заработил благо истегнување на препоните и нема да биде повикан за натпреварот, а се очекува на голот од првата минута да биде ветеранот Сторари.
Ова за Донарума требаше да биде 100-от меч во дресот на Милан, што е навистина импресивно ако се земе во предвид дека има само 18 години.