Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер Дејвид Бекам по завршувањето на фудбалската кареиара се реши да купи свој фудбалски клуб, кој од 2020 година ќе се натпреварува во МЛС лигата.
Клубот се вика Интер Мајами, а Бекам покрај името го претстави и грбот на клубот на кој доминира црната боја и римски број MMXX (2020), што ја симболизира годината кога клубот ќе започне да се натпреварува.
Меѓутоа, Бекам можеби наскоро ќе треба да го промени името на сопствениот клуб, бидејќи миланскиот гигант Интер најави тужба.
Италијанскиот гигант и новосоздадениот Интер Мајами имаат доста слични имиња, што дава повод на правниот оддел на „нероазурите“ да ја истражуваат можноста за покренување процес.
Претставници на Дејвид Бекам неофицијално одговарија на провокацијата, откако нагласуваат дека целосното име на миланскиот клуб е „ФК Интернационале Милано“, а голем број клубови ширум светот користат слични имиња.
BREAKING: Four years ago David Beckham announced he would be starting a football club in the US…
Today it officially has a club name & crest…
INTER MIAMI CF! 👏 pic.twitter.com/LxIE8aGboY
— Footy Accumulators (@FootyAccums) September 5, 2018
„Терминот Интер е скратеница за „International“ што значи мегународно и често се користи во описите на фудбалски тимови“, соопштија од Интер Мајами.
Овој спор за трговската марка би можел да се претвори во сериозен скандал, бидејќи евентуален успех за Италијанците би послужил за сериозна основа фудбалски клубови од целиот свет да почнат дела за ексклузивни права на секој одделен дел од своето име.