Проблеми во „рајот“: Откажана популарната годишна ревија на Victoria’s Secret


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Годишната ревија на Victoria’s Secret, која важеше за еден од најважните и најпопуларни модни настани на планетарно ниво, оваа година е откажана. Како причини за тоа се наведуваат сè помалата телевизиска гледаност и сè почестите критики упатени на овој настан, пренесува BBC.

Одржувањето на модното шоу започна во 1995 година и некогаш важеше за важен настан во поп културата, привлекувајќи секоја година по милиони гледачи.

Минатата година имаше најнизок рејтинг на сите времиња и налути голем дел од јавноста која настанот го окарактеризира како нешто застарено и сексистички.

„Мораме да смислиме како да ја унапредиме позицијата на брендот и на најдобар начин тоа да го пренесеме на купувачите. Сепак, не смееме да заборавиме дека ревиите се важен аспект на брендот и исклучително маркетинг достигнување“, вели Стујарт Бургдофер, главен финансиски директор на L Brands, матичната компанија на Victoria’s Secret.

Лошата продажба на производите на Victoria’s Secret е се поочигледна, а управата извести за нето губиток од 252 милиони долари во третото тромесечје оваа година.