Home Шоубизнис Проблеми во рајот: Кидман и Урбан се испокараа на премиерата од Lion

Проблеми во рајот: Кидман и Урбан се испокараа на премиерата од Lion

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се надеваше дека со својата најнова улога во филмот Lion ќе освои номинација за Оскар. Меѓутоа, премиерата на филмското остварување во Австралија ја засени кавгата со нејзиниот сопруг Кит Урбан.

Актерката изјави дека нема време да остане во Австралија поради светската премиера на филмот Lion, изјава која го налути нејзиниот сопруг кој тоа го дозна во истиот миг кога Кидман го изјавуваше за медиумите. Сведоците тврдат дека следела жестока расправија во која парот си разменил и понекои тешки навреди.

Урбан планирал подолг заеднички одмор во Сиднеј, бидејќи тој и Никол поголем дел од 2016 година го поминаа разделени поради професионални обврски и ангажмани.

„Никол веќе не може да го трпи однесувањето на Кит. Тој мора да сфати дека нејзината кариера за неа е приоритет и дека има потреба од поддршка во тоа, а не критики“, изјави пријател на актерката за австралискиот New Idea.

Урбан и Кидман се во брак веќе 10 години и имаат две заеднички деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…