Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Група од експерти тврди дека пробиотиците, храната која содржи добри бактерии речиси се бескорисни.
Истражувањето на тие експерти од Израел е едно од најдеталните анализи за тоа што се случува во нашиот организам кога ги конзумираме пробиотиците, пренесува Би-Би-Си.
Пробиотиците инаку, се сметаат за здрави и добри за цревата, меѓутоа резултатите покажаа дека имаат мало или никакво влијае на организмот.
Тим на научниот институт Вејсман, направи сопствен коктел од пробиотици, користејќи 11 видови на бактерии кои се препознаени како добри бактерии, вклучувајќи ги Lactobacilus and Bifidobaceteria.
Пробиотикот го пиеле 25 здрави доброволци во текот на еден месец, а потоа ги успале и хируршки им зеле примерок од повеќе места.
Резултатите, опишани во магазинот „Cell“, покажаа дека во половина од случаите добрите бактерии влегле низ усната шуплина, но директно излегле од другата страна.
Во останатите случаи кратко се задржале во абдоменалниот систем пред да ги прегазат нашите сопствени микроби.