Пробал да си го отруе цело семејство – епилогот е тројца мртви


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


27-годишниот Матија дел Зото беше уапсен од страна на италијанската полиција под сомнение дека со талиум, отров за убивање глодари, како глувци и стаорци, се обидел да го отруе целото свое семејство.

Во својот убиствен обид тој успеал да ги усмрти бабата, дедото и тетката, а пет други членови на неговото семејство се пренесени во болница.

Обвинителството соопшти дека Дел Зото го признал делото откако полицијата извршила претрес на неговата куќа во Милано и ги нашла рецептите за талиум, мешавина без боја, мирис и вкус што е екстремно токсична.

Италијанските медиуми со недели шпекулираа околу мистериозните смртни случаи на труење откако беа најдени траги од талиум во чајот што го пиеле членовите на семејството.

Бабата и дедото се разболеле кон крајот на летото, а починале во октомври.

Не е познато дали Матија дел Зото имал психички проблеми, но членови на семејството велат дека во последно време станал многу повлечен.