Пробајте и заштедете време: 10 работи кои можете да ги правите во микробранова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако некогаш сте почнале да користите микробранова печка, тешко дека после тоа можете да се навикнете на животот без неа.

Микробрановите печки се големо олеснување во домаќинството и секојдневниот живот, независно дали станува збор за подгревање на вчерашното јадење или одмрзнување на парче месо за денешниот ручек. Како и со машината за миење садови, така и со микробрановата – кога еднаш ќе се навикнете на неа, тешко дека после ќе можете без неа.

Но, дали знаете што сè можете да правите во вашата микробранова печка? Еве десет работи кои ќе ви заштедат многу време, а кои полесно и побрзо можете да ги направите во микробранова.

1. Лупење лук

Една од најдосадните работи за време на готвењето, секако, е лупењето лук. За да си ги скратите нервозите, еве ви еден трик за правење на тоа. Ако лукот го ставите во микробранова на 20 секунди, пареата ќе ја раскине хемиската врска помеѓу лукот и неговата лушпа, па после тоа ќе го излупите без никаков проблем и нервози.

2. Сушење зачини

Неколку гранчиња зачински растенија, на пример рузмарин, ставете ги меѓу две хартиени крпи и така сместете ги во микробрановата на две до три минути. Кога ќе ги извадите, би требало да бидат суви. Овој метод на сушење на зачините е подобар отколку сушење на истите во шпорет или на воздух, бидејќи електромагнетните бранови тоа го прават брзо и на тој начин се зачувува поголемо количество на есенцијални масла во растението.

3. „Скиснување“ на тестото

Ако сакате да правите домашен леб, но немате време да го чекате тестото да „скисне“ колку што треба, обидете се со овој трик, ќе заштедите многу време. Наместо да чекате тестото само да се „крене“, забрзајте го тој процес со помош на микробрановата. За теста кои треба да се „кренат“ два или три пати, наместете ја микробрановата на најмала јачина и следете како се однесува тестото. Наместо секој пат да го чекате 45 минути да се „крене“, со микробрановата ќе чекате 10-15 минути.

4. Кромид без солзи

Не мора повеќе да плачете додека сецкате кромид. Ако првин му ги отсечете врвовите и го ставите во микробранова на 30 секунди, тоа би требало да го реши вашиот проблем.

5. Потпечете ги јаткастите плодови

Во микробранова бадемите, лешниците и сличните јаткасти плодови ќе се „тостираат“ рамномерно, за разлика од рерна или на тавче. Ставете ги во чинија, во еден слој, и потпекувајте ги во неколку интервали по една минута. Помеѓу секој интервал малку промешајте ги. Постапката повторувајте ја додека не го постигнете саканиот ефект.

 

6. „Оживејте го“ бајатиот леб

Лебот кој веќе се стврднал и не е толку вкусен за јадење, можете да го вратите во првобитната состојба ако го завиете во влажна хартиена крпа и го ставите во микробранова на десетина секунди. Тоа ќе го омекне и ќе му го врати добриот вкус. Ако при рака немате хартиена крпа, со лебот во микробрановата можете да ставите чашка со вода која ќе му ја врати мекоста.

7. Извлечете го максимумот од цитурсните овошки

Ако ви треба лимонов сок, прво цел лимон загрејте го во микробранова на десетина секунди. Почекајте да се излади малку, па потоа пресечете го и исцедете го, треба да добиете многу повеќе сок отколку при класичното брзо цедење. Истото можете да го направите и со поголем дел од цитрусните овошки, на пример грејпфрут или портокал, но нив ќе треба малку повеќе да ги оставите во микробранова.

8. Откиснете го гравот

Ако обожавате домашни и традиционални рецепти со грав, тогаш знаете дека истиот треба да откисне во вода вечерта пред готвењето. Но, ако ви се случи да заборавите да го направите тоа, ставете го во вода, во размер 1:3, и ставете го во микробранова на 15 минути, додека водата не зоврие. Потоа извадете го и оставете го во истата вода уште еден час. После тоа гравот би требало да е спремен за готвење.

9. Направете си чипс

За домашен чипс не ви треба ниту фритеза, ниту некаков друг посебен апарат. Тенките парчиња компири (или некој друг коренест зеленчук), малку прелијте ги со билно масло и ставете ги во еден слој во чинија. Во микробранова нека остстојат 3-5 минути, додека да ја добијат посакуваната боја.

10. Излупете ги доматите и праските

Лупењето на тенките лушпи од овошјето и зеленчукот често знае да биде незгодно и нервозно. Ако за некој рецепт ви треба лупен домат или праска, пресечете ги првин на половина и ставете ги во микробранова на пет минути, додека нивната лушпа не почне да се собира. Тогаш без проблем ќе можете лесно да им ја отстраните истата со најобична вилушка.

***