Пркосен анти-Трамп говор на Мерил Стрип на Златните глобуси – еве ги и добитниците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мјузиклот „La La Land“ на доделувањето на годинашните Златни глобуси во Беверли Хилс собра 7 статуетки, со што се наметна како сериозен кандидат за најпрестижната филмска награда Оскар.

Рајан Гослинг и Ема Стоун освоија Златни глобуси за најдобар актер и актерка во мјузикл или комедија.

„Сакам да и се заблагодарам на една личност посебно. Додека јас пеев, танцував, свирев на пијано и го имав најдоброто искуство на филм, мојата дама ја растеше нашата ќерка, беше бремена со нашето второ дете и се обидуваше да му помогне на својот брат да се бори со ракот. Ако таа не преземеше на себе толку нешта, за јас да го имам ова искуство, сигурно сега на ова место ќе беше некој друг. Затоа драга моја, ти благодарам“, рече Гослинг, кој со овој говор и се заблагодари на својата сопруга.

Ема пак ја искористи можност за да и се заблагодари на својата мајка и на своите најблиски.

„Мамо ти благодарам за сè. Се доселив тука пред 13 години и немаше да успеам без мојата мајка и мојот татко како и брат ми, кој ме трпеше сето ова време, Спенс ти благодарам најдобар си! Им благодарам и на моите неверојатни пријатели, ве сакам најмногу на светот.

На годинешното доделување на Златните глобуси, Мерил Стрип ја доби наградата Сесил. Б.ДеМил, па во свој стил реши да ја почести американската публика со еден искрен анти-Трамп говор во кој го нападна новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, поради исмевање на новинар со посебни потреби.

По ова говорот стана топ тема на социјалните мрежи и го подели мислењето на јавноста. Додека едни ја подржаа, други ја осудија. Сепак, Стрип не се грижи за тоа бидејќи важи за актерка која секогаш отворено ги искажува своите убедувања.

Уште еден кој привлече внимание, но овој пат со својата позитивна појава, е актерот Бред Пит, кој доби громогласен аплауз од своите колеги кога излезе да најави клип од „Moonlight“, филмот што подоцна освои Златен глобус во категоријата најдобра драма.

На многумина им се допадна тоа што Бред покажа дека одлично се држи и покрај бродоломот што му се случува на приватно поле, поради разводот со Анџелина Џоли и борбата за старателство врз децата.

Еве ја и листата на добитници по категории на овогодинешното доделување на Златните глобуси.

Најдобра актерка во драма – Изабел Хуперт (Elle)

Најдобар актер во драма – Кејси Афлек (Manchester By The Sea)

Најдобар актер во мјузикл или комедија – Рајан Гослинг (La La Land)

Најдобра актерка во мјузикл или комедија – Ема Стоун (La La Land)

Најдобро сценарио – La La Land

Награда за најдобра музика во игран филм – City of Stars,” La La Land

Најдобар игран филм во категорија драма – Moonlight

Најдобар игран филм во категорија мјузикл или комедија – La La Land

Најдобар анимиран филм – Zootopia

Најдобар странски игран филм – Elle

Најдобра споредна женска улога – Вајола Дејвис (Fences)

Најдобра машка споредна улога – Арон Тејлор – Џонсон (Nocturnal Animals)

Најдобра режија – Демијан Шазел (La La Land)

Најдобро рангиран филм – La La Land