Приведено лицето кое фрли молотов коктел на полицајците пред Собрание – момчето го призна делото


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден, од страна на полициските служби, од слобода беше лишено лицето кое на 5 јули за време на протестот против францускиот предлог фрли молотов коктел кон зградата на Собранието.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ј.С. (18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото.

По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава.