Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓу шесте лица кои беа приведени во рамки на случајот со автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци приведени се возачот кој го управуваше кобниот автобус и сопственикот на превозникот „Дурмо-Турс“.
Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев во моментов на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа.
Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс” со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.
Први на помош на повредените им помогнаа мештаните од Ласкарци и околината, а за спасување беа мобилизирани комбиња на брзата помош од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници „Неуромедика” и „Систина”.