Приведен за распит бившиот пратеник од НСДП Љубомир Јосифовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот парламентарец од редовите на НСДП, Љубомир Јосифовски, вчера вечер бил приведен и спроведен на распит во полициската станица Беко, пренесува Сител повикувајќи се на неименувани извори во истрагата.

Според неофицијални информации на телевизијата, Јосифовски се поврзува со делото „неовластено навлегување во компјутерски систем“. Наводно, се истражува неовластено навлегување во компјутерскиот систем на Централниот регистар.

Јосифовски беше пратеник на НСДП во претходниот паламентарен состав.
Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.