Home Актуелно Приведен сопственикот на кафеана во Јурумлери – локалот бил полн со гости и имало музика „во живо“

Приведен сопственикот на кафеана во Јурумлери – локалот бил полн со гости и имало музика „во живо“

Надлежните инспектори вчера во село Јурумлери затекнале музика во живо и полна кафеана.

По претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во 21:50 часот, извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка – спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Угостителскиот објект бил во сопственост на А.Ш. (39) од селото Јурумлери, кој заедно со другите лица полицијата го привела во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР, а објектот е затворен од пазарната инспекција.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…