Приватизација на дел од здравството: Детска кардиохирургија се сели во „Жан Митрев“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски со неговиот лекарски тим од државна се селат во приватната кардиоклиника „Жан Митрев“ и од 2019 година сите операции ќе ги прават таму.

За еден месец сите операции кај деца кои можат да се направат во Македонија ќе се прават во приватната болница со пари од страна на ФЗОМ.

За министерот ова е најдобра опција додека се изгради новиот клинички центар, каде квалитетот на кадар од државното здравство со условите и во болницата ќе донеле подобар бенефит за децата.

За министерот оваа болница ги исполнувала критериумите за приватно јавно партнерство.

На прес конференцијата не беше присутен докторот Жан Митрев. Медицинскиот тим што заминува во приватната болница ќе работи само кардио операции кај деца.

Годишно во Македонија се оперираат околу 80 деца, а околу 20 се испраќаа во болници во Европа.