Приватен детектив за неверства открива како да препознаете дали партнерот ве изневерува


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Ако сте во брак или во врска на која сте целосно посветени и имате сомнеж дека вашиот партнер ве изневерува, големината на шансите дека сте во право изнесува 80%“, вели Дејвид Кинг, директор во компанијата за откривање неверства, Lipstick Investigations.

Тој вели дека нивните мисли навидум изгледаат чудни и неисправни, но секогаш се испоставило дека во суштина имало некоја причина која ги предизвикала на такво размислување и сомнеж.

Сепак постојат мал број на случаи кога всушност сомнежите биле неосновани. Постојат неколку знаци кои ќе ви бидат од помош во истрагата дали вашиот партнер ве изневерува или не, без притоа да ангажирате детектив за таа цел.

Промена во однесувањето

Мажот кој крие нешто го променува своето однесување. Одеднаш станува невообичаено ладен. Почнува да не ги остава своите лични работи кај стигне, туку секогаш ги зема со себе. Макар и во бањата. Станува сомничав во врска со се и сешто и бурно реагира кога ќе се почувствува дека сте близу до неговото откривање. Невообичаено станува тивок, а претежно реагира невообичаено брзо на заѕвонување на мобилниот телефон или пак кога ќе му стигне порака.

Се сеќава погрешно на нештата

Се присетувате заедно на некои блиски моменти и одеднаш раскажува ситуација која не сте ја доживеале заедно. Одеднаш ги меша работите, следи незгоден момент каде што сфаќа дека ситуацијата не ја доживеал со вас, туку со друга личност. Како што поминува исто време со вас и неговата љубовница ќе почнат да му се мешаат спомените со двете и нема да може да води сметка каде бил, со кого и на кое место.

Се чувствувате како целиот товар да е само на вас

Одеднаш имате повеќе кавги и препреки од вообичаено, а иако се трудите да ги разрешите со разговор не ви успева. Тој не вложува ни најмалку напор да ве сослуша, ве остава сама да се справите со нив, а неговиот интерес за тоа е на најниско ниво. За него не е важно дали ќе биде сето тоа решено или пак ќе пукне врз вас, се додека кавгите претставуваат изговор за неговите ненадејни излегувања.