Home Актуелно Притвор за насилникот од инцидентот во Градиште

Притвор за насилникот од инцидентот во Градиште

Охридското основно јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство врз три лица.

Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност. Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, осомничениот го сторил кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 8 дена, соопшти обвинителството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…