Притвор за лицето кое намерно го подметнало пожарот во кој изгоре кафе-бар во Прилеп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за двaесет и четиригодишно момче од Прилеп  кое е осомничено дека намерно го предизвикало пожарот во кој на 31 декември целосно изгоре кафе-барот „Паб Корнер“ во Прилеп, соопшти Основното јавно обвинителство Прилеп.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.

„Осомничениот на ден 31.12.2017 година во три часот по полноќ во кафе барот ‘Паб Корнер’, со општо опасно дејствие – пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Претходно, околу 18 часот, тој во пабот предизвикал вербална расправија со еден од вработените и со менаџерот на објектот и без да го подмири долгот го напуштил објектот околу 18,30 часот упатувајќи закани дека ќе го запали пабот бидејќи бил навреден. Осомничениот купил три шишиња запалива течност и во три часот се вратил во пабот, му се претставил на вработениот хигиеничар и веднаш ја полил течноста и ја запалил“, велат од Основното јавно обвинителство Прилеп.

„Со ваквото дејствие, осомничениот предизвикал значителна материјална штета и го сторил кривичното дело за кое го гони Основното јавно обвинителство Прилеп. Против осомничениот надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор по чл.165, ст.1, т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена“, се наведува во соопштението.​