Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
33-годишен арачиновец првично сакал да прегази луѓе со автомобил, а потоа со нож прободел двајца оти се побуниле бидејќи со џипот бесно вози на плочник меѓу зградите позади трговскиот центар Бисер во скопската населба Аеродром.
Инцидентот се случил во понеделникот на 11 септември во 2 часот по полноќ. Според информациите од обвинителството во моментот кога оштетените му забележале за опасноста што ја предизвикува, арачиновецот завртел со возилото и со голема брзина се упатил кон нив со намера да ги прегази. Тие се тргнале, па осомничениот излегол од автомобилот со нож во раката и на двајцата им нанел по четири убодни рани, предизвикувајќи им повеќе тешки телесни повреди.
Во моментот кога 33-годишниот арачиновец го вршел нападот му се спроститавиле поголема група граѓани кои живеат во околните згради поради што го спречиле да го доврши кривичното дело за кое што е осомничен, поради што тој влегол во својот автомобил и си заминал од ова место.
Напаѓачот бил пронајден и уапсен во петокот, четири дена по инциденотот. Определен му е 30 дневен притвор, а обвинителството кое отвори истражна постапка го товари за убиство во обид и предизвикување општа опасност. Дел од жителите на Аеродром не сакаа да говорат пред камерата на Канал 5 но зад неа велат дека се загрижени поради ваквите инциденти. Од МВР велат дека ги преземаат сите потребни мерки и посочуваат дека полициското присуство во текот на летото е зголемено со цел превенирање од инциденти.
„Веднаш се преземени сите неопходни мерки поднесена е пријава до обвинителството за натамошна постапка. Преземаме и онаму на оние локации каде што ќе се види дека има неколку инциденти веднаш се засилува полициското пристуство со цел да се превенира таквата појава и тие мерки секогаш даваат резултати. Ќе повторам овие осум месеци споредено со изминатата година имаме опаѓање на криминалитетот за 10,6 проценти, што значи дека се намалуваат сите облици на кривични дела. “-Тони Ангеловски – Портпрол на МВР.
Последно, засилено присуство на полицијата беше најавено во Дебар Маало, но и низ цела општина Центар, со цел превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови.