Притвор за 30-годишниот манијак од Скопје кој се самозадоволуваше во јавност пред жени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


30-годишниот маж со манијакално однесување од Скопје кој беше уапсен откако подолго време ги вознемирувал жените самозадоволувајќи се пред нив и кој доби пријава од Обвинителството, доби куќен притвор.

Како што пренесува А1он, и од судот потврдиле дека е пртифатен предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд, определи мерка куќен притвор.

Притворот е определен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.

30-годишникот е уапсен и против него е поднесено обвинение дека постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ од член 190 став 1 од Кривичниот законик.

– Во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело, соопштија денеска од Јавното обвинителство.