Advertisements
Нобел

Пристигнува Honor View 20 со камера од 48 мегапиксели – погледнете какви слики ќе „вади“

Од гигантот за мобилна технологија Huawei официјално се најавени и претставени си податоци и детали за нивниот нов Android паметен телефон Honor View 20, чија официјална промоција е закажана за 22 јануари 2019 година.

На овој датум, компанијата ќе одржи специјален настан во Париз, на кој ќе ја претстави европската премиера на паметниот телефон. Honor View 20 ќе биде опремен со импресивна камера од 48MP позади, а ќе има и сензор за селфи во предниот дел, интегриран во самиот дисплеј.

Најголемиот интерес несомнено го предизвикува малиот отвор во горниот агол каде се наоѓа предната камера.

Овој дизајн допрва треба да се користи од производителите на паметни телефони, но Huawei ќе ги надмине конкурентите во популаризирањето.

Според компанијата, дупката сама по себе е околу 4,5 милиметри во големина, што е значително помалку од 6 милиметарскиот слот, што очекуваме да го видиме во други уреди со сличен изглед на пазарот.

Honor View 20 исто така ќе користи процесор Huawei Kirin 980.

Со овој чип, корисниците ќе можат да извлечат максимум од камерата. Архитектурата нуди специјализирана единица за невронско процесирање, како и режим за снимање од 48MP AI HDR.

Фотографија направена со новиот Honor View 20

 

Дисплејот на Honor View 20 се очекува да го заземе целиот простор на предната страна, што ќе биде уште една возбудлива карактеристика на паметниот телефон.

Фотографија направена со новиот Honor View 20

Долгоочекуваниот наследник на Honor View 10 најверојатно ќе биде достапен во Европа по цена од околу 580 долари.

Фотографија направена со новиот Honor View 20

Во меѓувреме, и Xiaomi најавил свој нов телефон опремен со камера од 48 мегапиксели, кој би требало да се појави во наредните месеци. Директорот на таа компанија, Лин Бин, на својот профил на социјалната мрежа Weibo објавил фотографија на која може може да се види детаљ од камерата од 48 мегапиксели.

Од Samsung и Sony доаѓаат прилично слични тврдења кога нивните сензори се во прашање: дека тие ќе имаат “ситни пиксели од 0.8 микрометри” и дека ќе бидат физички поголеми од повеќето конкуренти.

Advertisements
To Top