Пристигнува „Арсенал“ – луксузното мини комби од Путин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После „рускиот Ролс Ројс“, луксузната лимузина „Аурус Сенат“ од Владимир Путин, се појави и луксузнуиот „миниван“ „Арсенал“. Дизајнот, кој го открива фотографијата објавена на Инстаграм, донесува преден дек на миниванот со голема маска и ЛЕД фаровите потсетува на лимузината Аурус Сенат.

Покрај овој модел, се планира и изработка на СУВ „Командант“. Сите три возила се базирани на истата механичка платформа , а миниванот е развиен како можна конкуренција на сличните возила на Мерцедес и Фолксваген, кои се користат за превоз на политичари и ВИП личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavel Fedorov (@vorodef) on

Моторот на возилото е 4.4 литарки твин турбо V8 , како дел на хибриден систем со јачина од 607 КС , со пренос преку деветобрзински менувач. Силата се пренесува на сите четири тркала.

Возилата на Кортеж ќе се користат за превоз на политичари од руската влада, а дел од производството се планира во 2019 да се најде во слободна продажба.

Се предвидува годишно да се произведуваат по 10.000 возила.