Пристигнаа нови кадри од хумористичната акција со Џејсон Статам и „Карпата“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На YouTube е објавено ново најавно видео со кадри од хумористичната акција „Hobbs & Shaw“, во која главните улоги ги играат Двејн „Карпата“ Џонсон, Џејсон Статам и Идрис Елба.

Новата хумористично-акциона авантура режисерски е потпишана од Дејвид Леич, а во суштина претставува „спин-оф“ на познатата акција „The Fast and The Furious“.

Во најавеното филмско остварување Двејн Џонсон го толкува ликот на агентот Лук Хобс, кој ќе формира неверојатен сојуз со Декард Шо, ликот кој го толкува Џејсон Статам. Тие двајца ќе се здружат во борбата против злосторникот Брикстон кој го игра Идрис Елба.

„Лук Хобс и изопачениот Декард Шо ги здружуваат силите кога сајбер криминалецот Брекстон ја загрозува иднината на човештвото“, се наведува во краткиот опис на филмот.

Новиот трејлер најавува многу ветувачка акција, забава и хумор во „Hobbs & Shaw“. Како што и претходно изјави Статам, публиката може да очекува прилично блесави сцени. Тој го опишува филмот како смешна и подива верзија на „Fast and Furious“ франшизата.

Потсетуваме, ова е еден од првите филмови од светот на „Fast and Furious“ во кој нема да го гледаме Вин Дизел.

Премиерата на најавениот филмски хит е закажана за 2 август, 2019 година во САД, а потоа тргнува и во светска кинодистрибуција.