Пристигна во Реал како големо засилување, денес не може да си најде клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не можеше да најде начин да се ослободи од Лукас Силва, па на крајот ова лето спогодбено го раскина договорот со Бразилецот.

Силва веќе подолго време беше „вишок“ во Реал Мадрид, а имаше договор со „кралевите“ до 2020 година. Во текот на целото лето Реал не успеа да го продаде Бразилецот, па се реши да го раскине договорот.

Сега Силва е слободен агент и чека повик од некој клуб. Беше блиску до трансфер во Џенова, но на крајот италијанскиот клуб се откажа.

Силва на „Сантиаго Бернабеу“ пристигна во јануари 2015 година како големо засилување, одигра неколку натпревари под водство на Анчелоти, а потоа беше испраќан на позајмици.

Четири години подоцна Бразилецот е слободен агент и не може да си најде нов клуб.