Пристигна „Пинокио“: „Архангел“ со нов сингл по 15 години пауза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Пинокио“ е првиот оригинален материјал на култната македонска рок група „Архангел“ објавен по долгогодишна пауза, иако таа веќе беше изведувана во живо, меѓу другото, и на фестивалот „Таксират“ пред две години.

Фронтменот на групата Ристо Вртев е автор на музиката, текстот и на аранжманот на песната, додека во улогата на Пинокио во спотот се појавува неговиот син Иван.

Што ли тајфа држи в рака под фирма „Европа“
кормило ‘ил стапот свој, демократски прашувам,
Кју Клукс Клан за старт на векот, наци програм – ЛУДИЛО!
И чизма и пизма врз човек, врз народ, ашколсун Обединета.

А над Водно сонце, високо кренато, спушта раце да нè прегрне,
денов е посебен, денов е добитен, сонце зар ме лажеш?

О да, о не, ние знаеме за подобро.
„Better“, бетер.

A над Водно сонце, високо кренато, спушта раце да нè прегрне,
денов е посебен, денов е добитен, сонце зар ме лажеш?

Глава горе, глава горе…

Другарки и другари, дами и господа, по долго размислување и со вистина разминување, си велам: светот не e наш но ние сме негови, слепо го следам, и длабоко го сфаќам, глава горе!

Франкфурт, Париз, Лондон Њујорк, додади и Токио, Хонг Конг, Кина, Кинг Конг Кина, Шангај, Лондон,

Пинокио е Пинокио, Пинокио, Пинокио, Пинокио…