Пристигна официјална понуда за Роналдо…на потег е Перез!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жорге Мендеш денес ја достави до Реал Мадрид првата официјла понуда за Кристиано Роналдо и тоа од Пари Сент Жермен кој понуди 160 милиони евра за Португалецот.

Медиумите пренесуваат дека Мендеш веќе постигнал договор со „светците“ кои на Роналдо му нудат 25 милиони евра по сезона, а за неговиот потпис се спреми да платат 160 милиони евра.

Сепак, трансферот не е извесен, бидејќи претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез сака лично да разговара со Роналдо, но дури по завршувањето на Купот на конфедерации.

Реал го поддржува Роналдо и го советува да се договори со судот, да го плати данокот и на тој начин да избегне правни компликации. Меѓутоа Португалецот не сака да го направи тоа бидеќи тоа ќе значи дека ја признава вината, а тој и понатаму тврди дека е невин.

Реал не сака да слушне за продажба на својот најдобар фудбалер и ќе се бори до крај да го задржи на „Сантиаго Бернабеу“. Парите не се проблем, во прашање е престиж и Перез истакна дека негов приоритет ќе биде да ја реши ситуацијата околу Роналдо.

Од друга страна Роналдо доколку заминува од Реал преферира преселба во Манчестер, а не во Париз, па останува да видиме како ќе се заврши целата ситуација.