Пристигна Голф 8


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Интернет се објавени првите официјални фотографии од изгледот на новата машина и автомобилски хит кој сигурно ќе го тресе европскиот автомобилски пазар, долгоочекуваниот Голф 8 од гигантот Фолксваген.

Еден од најзначајните и најдолготрајните сериски модели во историјата на Фолксваген ја дочека својата 8 генерација за време во 45 годишното постоење.

Германскиот автомобилски гигант продолжува со формулата која веќе неколку децении му носи резултати, а на Голф му ја обезбедува лидерската позиција во Европа.

Фолксваген го продолжува трендот на еволутивен дизајн на овој автомобил со погонско – механичка модернизација и примена на најновите технолошки достигнувања.

На интернет се појавија фотографии од изгледот на „осумката“ пред неговата светската премиера, но и овие фотки не откриваат многу повеќе од тоа што се виде на шпионските фотографии.

Надворешноста на Голфот 8 е помодерна со повеќе криви линии во однос на претходниот модел. Има издолжени фарови и поголеми отвори за воздух на браниците, што се заедно го прави новиот Голф поинакoв и подинамичен.

Ако се гледа од страна Голфот 8 не се разликува премногу од „седмицата“, а задниот дел му е стилски унапреден, со стоп светла чии облик е во скалд со најновата генерација на „ VW“ моделите.

На првите фотографии покрај основната верзија прикажани се и хибридните Голф ГТЕ и Голф Р „Лине“.

Според најавите Голф 8 ќе биде долг 4,28 метри и висок 1,46метри. Меѓуосовинското растојание е зголемено во однос на „седумката“.