Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинеската компанија „Сунинг“ веднаш ја демантираше веста која утрово ја пласираа италијанските медиуми дека акциите на Интер се на продажба.
„Сунинг“ е сопственик на 68,55% од акциите на италијанскиот гигант. Претходно се објави дека од компанијата се незадоволни поради проблемите на клубот со финансискиот ферплеј и неучеството на тимот во евротурнирите во оваа сезона.
„Кориере дела Сера“ тврди дека овие два фактори ги натерало сопствениците да ги продадат своите акции за 600 милиони евра, меѓутоа веднаш пристигна демант од Кина.
„Ние не ги гледаме објавените „приказни“ на странските медиуми. Фокусирани сме само на првенството“, изјавија од компанијата.
Интер во моментов води битка со Рома, Лацио и Милан за место во Топ 4 на крајот на сезоната, односно директно учество во Лигата на шампиони.