Природно ферментираните намирници одлични за зајакнување на имунитетот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јогуртот, кефирот, киселата зелка, киселите краставички и останатите туршии кои се прават со природна ферментација, без додавање на оцетна киселина, се богати со пробиотици кои ја одржуваат рамнотежата на цревната микрофлора.

Пробиотските бактерии го подобруваат варењето, метаболизмот и имунитетот.

Важно е што одредени видови јогурт содржат Lactobacillus reuteri  – бактерија за која е откриено дека го блокира размножувањето на вируси во телото кога ќе се разболиме.

Сличен ефект има е ресвератолот кој се наоѓа во црното вино. Овој полифенол освен во црното вино и грозјето, се наоѓа и во боровницата, црното чоколадо и кикириките.