Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мартина Бисаз секој викенд патува низ Швајцарија и со фото апаратот ги бележи сите убавини на оваа земја. Своите фотографии таа ги објавува на Инстаграм.
Која е првата асоцијација што ја имате кога ќе се спомене Швајцарија? Швајцарското сирење, чоколадото, швајцарските часовници?
Швајцарија е многу стабилна и економски силна земја, позната како симбол на „совршенства“, складот, хармонијата и уреденоста на државата. На пример, во случај во оваа земја во текот на ноќта да падне обилен снег, жителите можат да очекуваат тој да биде исчистен веќе до осум часот утрината.
Или пак. автомобилите во Швајцарија секогаш изгледаат како нови, а причината се казните кои им се закануваат на возачите доколку во што пократок рок не го поправат својот автомобил, па макар станувало збор и за обична гребнатинка.
Што се иднесува до јавниотг превоз, во Швајцарија патникот со еден билет може да мине низ цела земја со различни возила – автобус, воз, брод, жичарница.
А кога станува збор за природните убавини, Швајцарија и тука има коњ за трка.