Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Причината зошто британската кралица сама го пречека американскиот претседател Доналд Трамп се крие во одлучната нарав на принцовите Вилијам и таткото Чарлс да не се сретнат со првиот човек на САД. Таткото и синот буквално категорично одбиле било каква средба со Трамп.
„Тие едноставно одбија да присуствуваат. Навистина е многу, многу необично кралицата да биде сама таму. Најчесто, таа е пропратена од некого“, изјавуваат сигурни извори.
Наместо на средба со Трамп, принцот Вилијам реши да си игра поло, додека принцот Чарлс, синот на Елизабета II, отиде на настан во чест на полицијата. Кралицата Елизабета се најде сама со Доналд Трамп. Комуникацијата и интеракцијата помеѓу кралското семејство и американскиот претседател беше сведена на минимум и членовите на кралското семејство не беа толку ентузијастични како кога беа посетени од страна на Обама.