Принцот Хари: Сакав да го напуштам кралското семејство, но останав само поради…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Неколку дена откако во интервјуто за американското списание Newsweek изјави дека моментално никој во британското кралско семејство нема желба за круната, принцот Хари призна дека размислувал за напуштање на британската монархиска фамилија поради желбата за обичен живот.

„Имаше период кога чувствував дека сакам да бидам надвор од тоа. Но, тогаш одлучив да останам во монархијата и да изградам улога за себеси“, изјави принцот во искрениот разговор за монархијата и своите ставови за кралските должности.

Кажа дека чувствувал гнев бидејќи морал да ја напушти војската за време на посетата во Авганистан во 2007 година, кога медиумите откриле детали за неговата локација.

„Додека бев во војска, не бев принц. Бев само Хари“, изјави тој.

Принцот додаде дека не ги сака аспектите на јавниот живот, но дека сега одлучил да води релативно обичен живот и да ја користи својата кралска улога како моќ за добри работи.

Во интервју за Daily Mail тој откри дека бил мотивиран да продолжи со своите кралски должности од неговата баба, кралицата Елизабета II. Исто така, објасни дека, инспириран и мотивиран од својата мајка Дајана, одлучил да се посвети на хуманитарна работа.