Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Норвешкиот принц Хакон отворено говореше за губењето на кралската титула на неговата сестра, принцезата Марта Луиз, признавајќи дека оваа тема е „тешка“.
Норвешкиот престолонаследник изјави за локалниот печат дека се чувствува „одговорен“ за иднината на норвешката монархија, пишува „Дејли мејл“, откако се шпекулирало дека кризните состаноци на кралското семејство околу тоа што да се прави со Марта Луиз, траат со недели.
Осврнувајќи се на јунската свршувачка на неговата сестра со бисексуалниот гуру Дурек Верет, попознат како Шаман Дурек, Хакон рече дека му се допаѓа на „лично ниво“, но призна дека некои од ставовите на духовниот гуру предизвикале контроверзии.
За време на вчерашното обраќање пред новинарите, Хакон рече дека би сакал „да му посака добредојде на Дурек во семејството“ и додаде дека неколку пати се сретнал со шаманот. Тој откри дека морал да ја разгледа ситуацијата од перспектива на престолонаследник, велејќи дека „се чувствува многу одговорен за институцијата“.
Тој продолжил да разговара за контроверзните коментари што Дурек ги дава низ годините, вклучително и тврдењето дека „децата добиваат рак затоа што се несреќни“, и тоа во родната земја на неговата вереница.
– Секако дека забележавме дека дел од кажаното и направеното предизвика многу дискусија. Некои од нив беа и контроверзни – изјави Хакон. Принцот додаде дека норвешкото кралско семејство работи на тоа како да се справи со овие проблеми за да продолжи напред.
Норвешките медиуми велат дека контроверзните коментари само ќе „долеат масло на огнот“ откако започнаа шпекулациите дека кралот Харалд може да ѝ ја одземе титулата на својата ќерка. Според норвешкото издание Se og Hør, кризни состаноци за ова прашање меѓу кралот и неговите две деца постојано се одржуваат.
За потсетување, норвешката кралска куќа уште во 2019 година објави дека Марта Луиз во договор со семејството одлучила повеќе да не ја користи титулата принцеза во комерцијален контекст. Палатата соопшти дека принцезата може да продолжи да ја користи титулата кога ја претставува кралската куќа, како и во приватни контексти. Исто така, Марта Луиз се откажа од користењето на титулата „Нејзиното кралско височество“ уште во 2002 година.