Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германската полиција во денешната акција уапси 25 лица под сомнение дека подготвувале државен удар.
Meѓу осомничените уапсен е и принцот Хајнрих Тринаесетти Реус од Грајц кој е осомничен за организирање на ударот.
Специјалците дејствуваат истовремено во единаесет сојузни држави. По налог на германскиот јавен обвинител и Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА), приведени се 25 мажи и жени кои или биле членови на десничарска терористичка организација или ја поддржувале.
Осомничените, планирале „вооружен напад врз Бундестагот и приведување политичари“. Полицијата претпоставила дека е можно дел од од безбедносните сили да се солидаризираат со терористичката група, што можело да доведе до „државен удар“.
Специјалната операција ја потврди и германското државно обвинителство. Тие истакнаа дека меѓу уапсените има и државјанка на Русија. Истовремено, одделот нагласи дека немаат причина да веруваат дека руските претставници ги поддржувале заговорниците на државниот удар. Се работи за Виталија Б. Се наведува дека таа му помогнала на принцот посредувајќи меѓу него и претставникот на Русија, бидејќи принцот сакал да преговара со Кремљ, пренесува zdf.de.
#BREAKING German Prince Heinrich XIII Reuss of Greiz was arrested this morning suspected of planning a coup d’état in Germany with at least 24 other people
The plan was to attack the German parliament in Berlin and insert the Prince as new head of state, King/Emperor of 🇩🇪
1/2 pic.twitter.com/FizFT5cmZB— CoutureAndRoyals (@CoutureRoyals) December 7, 2022
A large-scale police special operation to suppress right-wing extremist activities takes place in #Germany.
It is reported that members of the far-right Reichsbürger movement were planning a coup d’état. 25 people have already been arrested, reports Die Zeit. pic.twitter.com/Z04wA3Wnra
— NEXTA (@nexta_tv) December 7, 2022