Примени 13 нови члена во ДПМ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателството на ДПМ, со јавно гласање на сите 11 членови, едногласно ги избра тринаесете членови на писателската асоцијација, од вкупно пријавените 47 кандидати.

– Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковиловски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузна В. Спасовска, Ана Стојаноска, Снежана Стојчевска и Билјана С. Црвенковска – соопшти ДПМ.

Новите членови на ДПМ ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на Друштвото на 15 април, со почеток во 19 часот.