Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Blues & Soul Festival 2018 започнува овој петок во Pivnica Star Grad / Пивница Стар Град, во 21.00 часот и ќе го отворат „Кросроуд Блуз Бенд“ (Прилеп, Македонија).
Прилепските докажани блузери кои се вистинска атракција на настапите во живо, ќе настапат во веќе востановената инструментална постава:
• Александар Дворчанец – вокал и хармоника
• Бранко Нешкоски – гитара
• Зоран Настески – тапани
• Александар Шилоски – бас
Освен прилепчаните, на фестивалот ќе настапат и ШЕЈКДАУН ТИМ ЕНД РИТАМ РИВЈУ од Белгија, КРИС ГРЕЈ ЕНД БЛУЗПЕНД од Данска, Д ГЕМБЛЕРС и Д БЛУЗХАМЕР од соседна Србија и Васја Ивановски како диџеј.