Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После објавувањето на наградите на 52- то издание на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, на сцена излегоа актерите на Прилепскиот театарски ансамбл кои поклонувајќи се на публиката истакнаа:
„Овој фестивал е поголем од сите нас. Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси. Оваа публика заслужува многу повеќе. Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач.“