Home Спорт Прилепскиот турнир во мал фудбал влезе во завршница!

Прилепскиот турнир во мал фудбал влезе во завршница!

Синоќа, возбудливо и крајно неизвесно во преполнетата спортска
сала „Арена Сонце“ каде публиката уживаше во четвртфиналните средби
од традиционалниот светиниколски турнир во мал фудбал во Прилеп.

Во четвртфиналето од турнирот „Св.Никола“ се сретнаа сениорските
екипи на:

Тео-Теа – Центар Рубин и Златко
Фурна златно зрно (Радовиш) – Инфинити
Македонија – Слаткарница Шар
Табако Дисконт Руна Мак – Тосв Транс

Денес, на турнирот во мал фудбал „Св Никола„ 2017, се
полофиналните средби. А, веќе во среда, на 28-ми декември, ќе се одржи
финалето, во кое најдобите четири екипи ќе се борат за вкупниот награден
фонд од 300.000 денари,кој се доделува за освоено прво, второ, трето и
четврто место.

Интересот кај публиката за турнирот е се поголем, бидејќи купените
велзниците учествуваат во наградните игри кои се одржуваат секој вечер, а
сите влезници, пак, учествуваат за добивање на Главната награда – ЛЕД
ТЕЛЕВИЗОР за која извлекувањето ќе биде на 28-ми декември, в среда.

Турнирот во мал фудбал „Св. Никола“ кој се организира по осми пат,
има и хуманитарна цел.Тој, исто така, преставува завршна спортска
манифестација од спортските настани во Прилеп за 2016 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…