Прилепскиот пратеник Миле Талевски позитивен на КОВИД-19


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со манифестација на лесни симптоми, на прилепскиот пратеник од владејачката СДСМ, Миле Талевски, му е дијагностициран КОВИД-19, откако добил позитивни резултати на тестот за болеста. Тој од синоќа е во домашна изолација.

Како што ни изјави пратеникот во телефонски разговор, тој изгубил чувство за
мирис и вкус, се тестирал, и тестот му покажал дека е позитивен на ковид-19. Преку својот фејсбук-профил на пријателите им посака добро здравје, но им порача
да се чуваат.

– Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски. Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола – напиша Талевски.