Прилепчанец газда на два питбули заработи кривична пријава – кучињата искасале друго лице


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


24-годишниот В.А. од Прилеп, сопственик на две кучиња, доби кривична пријава од скопската полиција поради сомневање за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 8 ноември во скопската населба Влае две кучиња од расата питбул, сопственост на пријавениот, кои шетале без надзор, го нападнале Б.С. (79) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.