Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прилеп го доби и првиот жител во 2018 година. Женско бебе, тешко 3.230 грама, се роди околу 20 часот синоќа на гинеколошкото одделение, информираат од Општината.
Мајката на бебето, Дијана Капкоска, ја посети градоначалникот Илија Јованоски предавајќи ѝ пакет со подароци за новороденчето.
„Се чувствувам прекрасно, радосна сум како мајка, а малата принцеза ќе се вика Дарија“, изјави мајката.
Градоначалникот Јованоски на мајката на новороденчето ѝ врачи штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци.
„Околу 20 часот се роди здраво женско дете со витални функции. Им честитам и им посакувам многу здравје и среќа и на родителите. Исто така, сакам да им ја честитам и Новата 2018 година во добро здравје, радост, среќа и успех“, рече Јованоски.
Д-р Роза Ковилоска, специјалист педијатар во одделот за неонатологија, смета дека раѓањето женско новороденче е најава дека годината ќе биде бериќетна.
„Годината ни започна добро. Се роди женско здраво новороденче од 30-годишна мајка, во 41. гестациска недела, со уредни витални параметри, во добра здравствена состојба. Му посакуваме многу успех, здравје, среќа“, рече Ковилоска.
Новогодишни пакетчиња денеска добија и сите дечиња хоспитализирани во детското и во неонатолошкото одделение од градската болница во Прилеп.