Приказната за Роберт Капа и загубените фотографии од „Денот Д“ за кои го ризикуваше животот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роберт Капа е познат како врвен фотограф на своето време, но и како човек кој го сведочеше и со својот фотоапарат го зачува „Денот Д“ од Втората светска војна во 1944 година во визуелната меморија на човечката историја. Додека војниците пристигнуваа на брегот на Нормандија и испалуваа истрели од своите оружја, тој со својот апарат правеше историја.

Најголемата инвазија во историјата, после која следеше крајот на Втората светска војна, се случи на 6 јуни, 1944 година, во Нормандија.

Човекот кој го доживеа, виде и преживеа тој ден се вика Роберт Капа. Со својот фотоапарат тој се пробиваше низ фронтот, фотографирајќи го и забележувајќи го она што требаше да го види целиот свет. Неговите фотографии ги забележаа моментите на кои е прикажана борбата на американските војници и истите за малку ќе биле целосно изгубени засекогаш.

Капа е роден во Унгарија. На „Денот Д“ имал 30 години и веќе бил познат по својата фотографска дејност во граѓанската војна во Шпанија. Кога од Life Magazine бил пратен да го покрива „Денот Д“, таа задача ја потврди неговата фамозна реченица: „Ако фотографиите не се доволно добри, тогаш значи дека не стоите доволно блиску“.

Инвазијата почнала во 6:30 наутро, кога Капа со војниците излегол на брегот од Нормандија. За 90 минути направил 106 фотографии, а негативите наскоро му ги пратил на уредникот Џон Морис за понатамошна продукција и употреба.

„Чекав да дојде вторник или среда за да ги добијам фотографиите од борбата. Бев многу нервозен и анксиозен, па делумно се смирив кога ми се јави Роберт во средата попладнето и ми кажа дека негативите ги испратил по курир. Цел свет чекаше на неговите фотографии“, вели Џон Морис.

Морис додава дека курирот набрзо стигнал со филмовите и дека веднаш тие биле пратени во мрачна комора на развивање. Сакал да ги добие што поскоро и нагласил дека е потребно да се развијат во што побрз период.

„Неколку минути подоцна, дечко по име Денис Банкс втрча кај мене во канцеларија. Ми рече дека фотографиите се уништени. Ми кажа дека брзал и притоа не пазел на детали, па фотографиите за време на развивањето се во целост уништени. Побрзав за лично да проверам дали е тоа вистина и наскоро видов дека успеавме да спасиме само 11 фотографии“, открива Морис и додава дека токму тие фотографии станаа светски славни и познати како „Величенствените 11“.

Сепак, последните анализи и истражувања велат дека, всушност, биле направени само 11 фотографии, колку што се достапни, и дека не недостига ниту една друга фотографија.