Приказната за кражбата на златната монета од 1 милион долари голема колку автомобилска гума


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Royal Canadian Mint е канадски производител на монети кој во 2007 дојде на идеја да изработи џиновска златна монета вредна милион долари.

Тие изработиле пет такви монети од 99,999% злато, тешки околу 100 килограми и со големина на автомобилска гума. Приватните инвеститори и колекционери веднаш ги раскупија сите пет монети.

Една од нив била позајмена на музејот Боде во Берлин. Кустосите го сместиле во просторија со непробојно стакло.

 

Седум години огромната монета била таму , се до 27 март 2017 . Тогаш требало да биде префрлена во друг музеј, но тројца мажи облечени во качулки , влегле во музејот и за само 16 минути успеале да ја украдата огромната и тешка монета од 100 килограми злато.

Алармот не работел во тоа време, поради честите дефекти со струја . Со секира од карбонски влакна го скршиле непробојното стакло, ја украле парата и на количка ја изнеле од музејот. Целиот грабеж траел само 16 минути.

Полицијата веднаш почнала истрага и утврдила поврзаност на еден од скоро вработените чувари со тројцата крадци. Германската полиција нашла траги од ДНК, златна прашина и други траги.

Огромната монета не е најдена и се претпоставува дека е исечена на делови , за полесно да биде продадена.

Вчера во Берлин почна судењето против четворицата крадците и чуварот, а според обвинителството им се заканува затворска казна од по 10 години.